изјави (св.)
Напредните слоеви на српскиот народ уште по Првата светска војна ја согледаа вистината за македонскиот национален ентитет, па не беше само Коста Новаковиќ што во 1924 год. изјавуваше: „Јас сметам дека секој народ, па и Македонците, треба да добие право на самоопределување…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа и Македонците фатија да изјавуваат оти тие сакаат „Македонија за Македонците”, оти тие сакаат автономија на Македонија, а не соединување со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толе прв изјави желба „да е кабил уште ноќеска да тргне".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да се потсетиме и на – Фелини кој јавно изјави дека неговиот филм „Осум и пол“ е правен под дејство на психеделичкиот фактор!
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во својот познат одговор на критиката за своите преводи на Хомер, Френсис Њуман изјави: „Научниците се трибуналот на Ерудицијата, но кога се работи за Вкусот, обичната, но сепак образувана публика е единствениот вистински судија, и токму нејзе ѝ се обраќам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа е, како што самиот изјави на собирот на историчари на уметноста минатата година во Courtauld институтот, слика за „гужвите и архитектурата... огромно богатство, блескавост, предмети, светло... еден вид насликана енциклопедија на човековото движење, на материјалните животни задоволства, каде темата е периферализирана“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во овој момент кога луѓето гинат за татковината, вие мирно ги поправате своите кариеси и изјавувате дека крв не ве интересира?!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Веќе во прологот, Тесауро изјавува дека надарениот со остроумност се разликува од плебеецот; таквиот најнапред раздвојува а потоа спојува.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Иако беше настрана од берлинското движење, Швитерс (Schwitters) сепак покажа сличен став изјавувајќи: „Јас сум буржоаски и идиотски”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Осомничениот изјавил дека е невин.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Причекај малку“, мистериозно изјави и исчезна во бањата. Се попалив. Тоа е тоа. Конечно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Еднаш кога се случи да ја спомене, во некаков контекст, војната против Евразија, таа го изненади изјавувајќи незаинтересирано дека, според нејзино мислење, таа војна воопшто не се води.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Прашаа дали во една прилика сум изјавил дека имам намера да ја избегнам воената обврска, за да студирам џез-академија во Берн. Реков дека да.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)