изусти св.

изусти (св.)

Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, којзнае дали ќе има работа на зима овде за мене, — изусти полн со надеж дека ќе им куртули годинава на снегот и селските свињи во неговото Полчишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури едно време успеа да изусти: - Повели, ефенди! – и ја ведна главата кон земја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓутоа, тој се враќа, застанува пред Неда, не може да изусти ни збор, но затоа се наведнува, ѝ ги бацува двете раце и излегува. Излегува, немајќи сили да се сврти.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Среќно, Кротка! - викна по неа Бојан. - Отиде - со тага во гласот, како да се дели од најмилото, изусти дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами чаре? — изусти и Ѓуро. — Чаре, низ малото вратниче ако можете да излезите — ги опомена Цвета и летна пред нив да провери дали е слободна таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се чинеше во тој момент дека од тоа што тој ќе изусти зависеше, се решаваше нашата судбина, мојата, на Ели и неговата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Со секој збор што го изустуваше Вера ми стануваше јасно дека е тоа нејзината историја и на моменти сакав да ја запрам да не раскажува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Праша: - Уште ја отвораш устата, скоту, - изусти одвај задржувајќи ги милионите тони бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Престани ненароден елемент, - изусти другарката Оливера Срезоска, господе, ечеше целиот дом, - престани проклет скоте, скоте, скоте! Злосторник!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Бев горе, до стрништето... - изусти тивко Крстовица и го префрли торбичето во десната рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да... - изусти нововлезениот. - Со запалени цигари, а потоа со вжештени железа ми го гореа телото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште пред тој да изусти, му рекоа: - Попусто е сѐ што ќе ни кажеш, владико...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дека му се случило нешто на некое од децата, или дека му се случило нешто на Јосифа, или дека, или дека, а кога Јосиф со испрекасан здив изустува Некој дојде во Потковицава, по Градишки Пат, една единствена помисла, еден единствен ужас, оној од пред толку години, кога `Рслан бег и другари му ги исклале сите возрасни Акиноски, му ја згрозува душата и му ги посекува нозете во колената.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе