изуми (св.)

Мајката, која беше изумена сета, штом ова го слушна, над маката бескрајна своја затажи, припадна клета.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И тукушто сакаше Трајче да тргне, се сети за нафтата и рече: - Ами шишето за нафта? - Изумив, синко!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Телето сосем го изуми. А и по она што му го рече чичко Добре, изгуби секаква надеж дека ќе го пронајде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Изумив, велам, изумив дека по мажењето ни се брише името, ни се заборава...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш се сетив на Уља, јатрва ми. Ме зафати Стојна и, Уља ја изумив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Море, јас се заблудав, вели јатрва ми, Уља, и ја изумив Горица. Да не скитне, да се загуби низ шумава, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Изумив дека им го оставив на другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како можам да ја изумам неговата слика на сликата, си велам, па кога сум рикнала да плачам, да не може никој да ме заплати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, сега, може нешто да сум изумила, а може нешто и да сум скрила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што се однесува до проблемот на хиперпродукцијата, кој во нашето општество е латентен уште од развојот на машинската техника, тој е решен со изумувањето на постојаното војување ( види Глава III ), кое е исто така корисно и за одржување на моралот на населението на потребното ниво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конечно, зошто е толку важно кој ги изумил авионите ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Незадоволствата што произлегуваат од неговиот соголен, незадоволувачки живот, намерно се насочуваат кон надворешни цели со помош на изуми каков што е Двете минути омраза, додека размислувањата што би можеле да го одведат кон неверување или кон отпор однапред се убиени од неговата, од детство стекната, внатрешна дисциплина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сум изумил дека бев набил туфек во цевката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова да извиниш, Трајчеица го употребуваше само во ретки прилики, и тоа ѝ доаѓаше како да вели госпоѓо или нешто слично, но Рајна во тој момент го изумила ова.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа не е многу, велеше тој, но е единственото што човек го изумил до денес како одбрана на човечката гордост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко извади од чантата дебелкав плик со пари и, подавајќи ѝ го, рече: - Ах, ќе изумев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе