израмнет (прид.)
1. Подвизи?... Без одговор на тоа необично прашање, лежеше долг и сонлив во градскиот парк и, израмнет со одамна покосената трева и рамнодушен за летните шумови, го слушаше недалечното сопнување на реката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Обично во запурничавите денови водата стоеше умртвена како израмнета пустина, замаглена и слеана со тмурната далечина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Онаму каде што челото и коренот на носот се среќаваа, немаше вдлабнатина, и Даниел беше фасциниран од тој детаљ, зашто неговиот нос беше израмнет со челото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го продлабочи ровот. Над градникот стави неколку камења, довлечка гранки за да го покрие ровот и свежо ископаната и израмнета земја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)