израдува (св.)
Прво кога дојдоа и ги видовме се израдувавме, си рековме убава работа биле, да има човек некоја иктиза веднаш ќе ја сврши.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Бино се израдува како дете кога Рожденката дојде и го праша дали ќе го прими нејзиното девојче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе го најде некое дете, ќе открие во него нов свет и ќе се израдува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Овој му се израдува што му донесе и овој пазар борина да спечали од неа неколку гроша и веднаш го покани в дуќан: му нарача пак шербет и почна со мајтапите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ЛУКОВ: Па да нè израдува со уште некоја ваква идиотштина.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога ги виде, тој многу се израдува и ги покани во својата убава куќа што беше само на еден кат, зашто луѓето ваму не живееја во големокатници како во центарот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- И сол ми донесол домаќинот! - израдувано рече мајка му, го прегрна и од очите ѝ потекоа солзи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Грацио, боно бамбино! - израдувано викна стражарот со брадичката, го зеде шишето и кошничето со јајцата и влезе во стражарницата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Невестите ова на соне да го видат, ќе се израдуваат, соколи кутри на тетка...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неда ѝ се израдува на Митра, а Митра, кога ја виде Неда во мариовски алишта облечена, не можеше да ја пушти од прегратките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Доцна, другар Ѓорче, доцна! Го испуштитвме пилето, избега! — му се испушти на Толета, а другите се израдуваа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)