изработен прид.

изработен (прид.)

Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во дното голема и убава куќа сѐ до катот ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена конструкција.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ наоколу беше подредено во една волшебна ритмичка игра, сè се носеше по оној плисок на водата под него, а тој секогаш наново ѝ се радуваше на секоја нова извадена штица, на секој нов изработен и раздробен трупец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси на секој чекор се среќаваат црнци, веројатно студенти кои продаваат сувенири од своите земји, изработени од дрво и железо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ја би реко би, вели Спасое и се кочопери над мене, Голем е Спасое, неизработен човек. Може со сенката да те турне на земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Хелсинки имаше колекционери кои купуваа разни сувенири изработени од затвореници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Производството, понудата и продажбата на „hypertext reality“ опремата, на дигиталните информации ќе биде исто толку важно, колку и производството, понудата и продажбата на храна, метални и рачно изработени производи во феудализмот и продажбата на нафта, електрична енергија и земен гас во индустриското доба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога работава ќе биде воведена на масовниот пазар, дали луѓето ќе ги истражуваат тие однапред изработени светови?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Арена ги вклучува и двата мали купа од тенки правоаголни плочи изработени од: филц, восок, железо и бакар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така бискупот во „теоријата“ ја видел онаа „идеална чевла“ која тогаш лесно ја споредувал со производот на кондураџијата и на тој начин заклучувал колку вреди изработената кондура, односно колку ѝ се доближува на идеалната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Беше тоа бедно изработен комплет. Картонската табла беше прекршена, а малечките дрвени фигури беа толку лошо направени што одвај стоеја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зачувани се делови од првичниот иконостас изработен со бел мермер и интересен фрескопис за кој, секако, повеќе ќе ни раскаже отецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
8 На 5 јануари 1942 година во СОЕ бил изработен „План за политичка војна на Балканот“ во кој се нагласувало дека Балканот нудел извонредни услови за политичка војна и дека тоа биле услови кои морале да се искористат и да се развијат веднаш ако се сакало да се постигне максимален резултат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потребно е да се изгради филтер - станица за прочиствување на овие води, ама нема средства, иако има изработен проект.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе