изобличи (св.)
Платамон е рибарско и туристичко село. Брегот е ишаран со ресторани, хотелчиња и многу куќи, а плажата не изобличува со ситен морски песок.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вкусот, волјата, чувствувањето, сето тоа ја изобличува стварноста и ги раздвојува луѓето, означува диктатура, наметнување на сопствениот агол на гледање, односно слушање, херметизирање на работите со наметката на сопственото его.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се качи до вратот, кон лицето: јаболкцата, како две резенки од калинка, крупно издадени, ја надсводуваа меката патечка околу усните, вивнати од жар и подотворени не во уплав од болката што ќе следи, туку од страста што ќе ги изобличи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Седеше врз таа проклета гума за пливање, а лицето му се изобличуваше од болка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Како може нешто толку чисто, невино, едноставно, совршено, безгрешно да се преточи, изобличи и преобрази во хаос, во завист, љубомора, пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ликот ми е човечки, но чувствувам како се изобличува пред светлината, се издига како бран понесен од длабочината на ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
За да се интензивира процесот, докторите постојано ја клукаа со хормонска терапија која го изобличуваше нејзиното тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Почнувајќи од сцената „Раждај жено, раждај“ од филмот „Македонскиот дел од пеколот“, па преку сите класици и помалку класици, каде жените умираат од болка што ги тера да се изобличат и што не се споредува со ниедно мачење на инквизицијата од 16 век.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)