изобилен (прид.)
Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И плачам. Ронам едни солзи изобилни и толку слатко горешти што се трудам уште посилно да плачам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се наведна напред и поврати изобилно на подот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон го откри лицето. Парсонс ја употреби школката гласно и изобилно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Еве, интересно - Дојранското Езеро расте по топење на снегови и изобилни врнежи во земјата - Можно покачување на водостојот уште за 40 сантиметри - Најголемо покачување од еколошката катастрофа на Дојранското Езеро.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се зафаќаше со иницијацискиот процес што им е присушт на машките геј- заедници, а преку кој геј- мажите ги подучуваат другите геј- мажи како да бидат геј – не со тоа што ќе ги воведат во геј- сексот, а уште помалку така што ќе ги заведат и наведат на него (геј- мажите веројатно веќе се имаат изобилно впуштано во секс и пред да се сместат во општествениот свет на геј- мажите), туку попрво со тоа што ќе им покажат како да преобразат низа хетеросексуални културни ствари и дискурси во носители на геј- значење.
Со други зборови, целта на курсот беше да се испита како дејствува културниот пренос во случајот на сексуалните малцинства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)