изнапише (св.)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Целото лице ми го изнапиша.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Па да му изнапишам што се прави за него и од него...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште кога тој блокот го купи во Атина, тоа му беше првата мисла на којашто ѝ стана заробеник: Ако успее да го изнапише сите непарни страници на зелениот блок, ракописот ќе биде добар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)