изнакашла (св.)
Дисциплинирани и јуначишта. Чуда ќе правиме...“ Џеронимо важно се изнакашла и пак не рече ништо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Затоа, до колку ве пресретнат, изнакашлајте се сите, сите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Неколкупати и се изнакашла, колку да добие време.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој што го рече тоа, еден со сурат на ајван, ама сепак Турчин со турбан и еден отворен ќитап в раце, тој уште и дорече, откога се изнакашла убаво и почека луѓето да се смират.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)