измоли (св.)
Можеби ќе измолам и - ... не доврши). „Не, не се враќам“ , рече, гребејќи го со нокти темето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еднаш некако, кој знае како, го измолив да појдеме во Росуље.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Клекнувам пред кравата, и неа ја молам. Ја стискам за вимето и ја молам. Се мачам да измолам, да црцне колку за иљач. Ама ништо не пушта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само — чат, пат — нешто ќе одмемолат, некој збор ќе измолат да го кажат. Сега, што?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни збор да ми дојде на уста, ни солза можам да измолам, да пуштам. „Животот е роса, велеше мајка, ќе светне и ќе загине.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Нема да го одиграме валцерот, вели Коста со некоја жална, одвај измолена насмевка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го измолив архиепископот да ми даде еден кораб со луѓе побожни, мажи благочестиви и да ме одведе на тоа место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Освен тоа, за голата живеачка му прискокна на помош и младата сопруга, која како среднистка се измоли за работно место во филијалата на едно претпријатие од нивниот крај.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Понекогаш Ерика ги измолуваше медицинските сестри да ја пуштат да дојде од нејзината соба, во собата во која живеевме Клара и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)