измолзе (св.)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ми го измолзија нечистото, сурутката, и ми го ставија детето на гради да цица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ги пречека со зборовите Што се случува таму на станицата? а Корнулов дури тука проговори Нема веќе работни бригади, нема кој плуг да држи, нема кој узда да затегне, нема кој крави да измолзи, нема кој в берберница да стапне, нема кој в кафеана да влезе - селото се преселува на станицата!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Заборавила што сум ѝ сторил и што таа сакала да ми стори. Умеам и да ѝ се измолзам меѓу прстите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Најпрвин ќе ви измузеа 2-3 коњака или коктели, после следуваат мобилни, накити, гардероба и на крај ако се напраат пресметките поисплатлива ќе беше курва од МРТВ отколку скотска спонзоруша.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)