излог (м.)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стане беше дуќанџија во чиј излог висеа жолти хартии покриени со лепило за муви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие стоеја однатре на влезот, беа војници од излог со детски играчки и рамнодушно ждракаа кон арената.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да гледаме сѐ: излози и фотографии во нив - со деца, со млади девојки, сѐ суви гитаристи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лошина: една птица што прелетуваше над улицата да се претвори во тежок камен да падне и да го скрши излогот на блиската слаткарница.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А птицата навистина се претвори во камен, но не се устреми кон излогот на слаткарницата, туку почна да паѓа право кон Димче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Овде е многу бучаво, шумно, со жив сообраќај, со многу автомобили, со излози богати со стоки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Солун може најдобро да се почувствува кога се скита бесцелно низ него, од улица во улица, од сокак во сокак, од излог до излог, од еден во друг крај.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Солун е преполн со разна стока и излозите се убаво аранжирани, што привлекуваат секого.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Шетајте бавно и гледајте го нејзиниот разнобоен излог на загатки.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Но тие поминуваат покрај привлечно уредени излози, па подзастануваат да ѕирнат, среќаваат кученца, па не можат лесно да ги одминат, си купуваат мастики, семки... Со еден збор, се влечкаат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Издвоен од слушателите на преносот, мирно гледаше низ излогот од кафеаната кон улицата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Можеби ние бевме нејзиниот излог.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Денгубам пред сиромашните излози.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ами, главата од поп Аркадија, оставена во излогот од една чевларница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зад нив, во осветлениот излог, блескаа телевизори, машини за перење, бојлери, дури и електрична гитара – избран предел за мамливи приказни, преполни со прижелкувани успеси.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ти подаруваат потреба да ги навиваш од ден на ден, обврската да го навиваш за да остане она што е; ти ја подаруваат опсесијата да ЧАСОВНИК проверуваш колку е точно часот во излозите на златарите, вестите од радиото, преку телефон.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Книги, велам, не купувам, нема што. Во излозите на книжарниците патриотско-туристички и едвај по нешто друго.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)