излитен прид.

излитен (прид.)

Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Девојчето си помина по улицата со своето излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Добрина: посака на едно девојченце што свиткано од студ поминуваше по улицата, излитеното џемперче да се претвори во убаво, топло зимско палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кожата му е бела, му се изѕира, ко излитена кошула. Нема капка крв под неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му се кине, ко излитена шамија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На полјанката, до фурните, се постројуваат ешалони облечени во стари и излитени чешки униформи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Врз нас најчесто шинел или излитено ќебе или ништо. Под мојот шинел лежевме двајца. Јас и Вангелис, Грк од Тесалија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ме гледаат излитена во кожата и ми даваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па и кожата не ми е таа: ветва е и излитена, небаре гризена од молци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, набрзина, од излитената кожена чанта извади неколку разнобојни пописни листови и еден поголем жолт тефтер.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мој Боже. Го гледав како го распарува својот излитен ковчег со швајцарскиот војнички нож.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Излитената зграда на бившиот хотел “Европска”, покрај која стојат киевските џин-рикши е голем храм, исполнет со сланина, кинин и конзерви, на кои пишува “Evaporated milk”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кракатау: Добравечер, Маусдонци. Еве ги пак вашите Каљостро и Кракатау кои веќе ви стануваат познати како тие излитени тапети на вашите мозочни дувла, одвнатре познати, сакам да кажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе