излагање (ср.)
Не еднаш на митинзите во Софија и во другите градишта се имаат примано резолуции со излагања на нуждите на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Џејмс Џекобс (James Jackobs), професор на Правниот факултет на Универзитетот во Њујорк, во едно свое излагање објавено 1991 година докажуваше дека „недостатокот од јасен предлог за легализација ја отежнува и проценката на проблемот и критиката на тој став.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, посебно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Професорот Виктор зборуваше за птиците, но само што спомна некои црви, пред да стигне да го заокружи и поврзе своето излагање, го прекина професорот Џејмс, кој се разбираше во црви како самиот да ги правел.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Временската линија на традиционалното пишување овде исчезнува во простор сличен на природниот, или во безизлезен лавиринт со почетоци, средини и краеви кои што веќе не се дел на моментно (непосредно) излагање. 70 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Овде не можам накусо да ги синтетизирам „Експликациите“ на различните уметнички постапки на Дишан по „Големото стакло“, на кои ме наведоа овие кодекси, бидејќи секоја од нив бараше поподробно излагање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ние, уморни, повеќемина рамнодушни, го следиме монотоното излагање на директорот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Цветан Горски го заврши своето излагање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да го слушнеме крајот на излагањето!“ „... а ние ќе вложиме максимум сили и со ваква застарена технологија да обезбедиме мобилно следење на аерозагаденоста во градот и навреме да информираме, да предупредиме“ - зборуваше претставникот од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Наместо да продолжам со излагањето на своите американски впечатоци, сфаќам дека е попаметно да им ја возвратам насмевката на љубезните сопатнички и да го почекам оброкот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Најнеодреден а истовремено и најдискутабилен дел од нејзиниот обид да ме обвини а можеби и омаловажи беше оној дел од излагањето кога се обиде да го оспори моето право на отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зошто Седларов од своето излагање го беше исфрлил овој завршен дел останува да нагаѓаме.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Политкомесарот, на крајот од излагањето, од офицерската чанта извади хартија здиплена на четири. Извалкана е и излитена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татковото натамошно излагање сигурно одеше во духот на Климентовите очекувања.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)