издига несв.

издига (несв.)

Покажуејќи на прозорецот) пуцав још ... бум .. бум... боже мој ... овако је ... (Во тој момент се издига надвор - во квадратот на прозорецот црвена ракета).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Мелодијата расне и со својата трепетливост се издига над објаснението.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него. He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока затворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затворот се издигаше на висок рид, жестоко оголен од ветрови и сонце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од едната и од другата страна се издигаа голи и високи стрмнини.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Далеку погоре, дури во синото небо, како џин се издига висок планински врв.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А кога стигнаа до езерото видоа ѕид што се издига високо и на ѕидот многу лишај и билје црно што лачи и што цеди надолу.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: кула се издига меѓу морето и небесата и во секоја пукнатина по една молитва...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не приоѓајте му, Тој лежи скаменет на крстот што е направен нагоре: од јагленосаната молитва на селаните што се издига до небото и попреку: од трагите на ластовичката што прелетува преку нивниот темен глас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ПАРИЗ најимпозантно се претставува на „Трокадеро“, на она место кај што се издига палатата „Шајо“ и од каде што се отвора величествена панорама - Ајфеловата кула, а понатаму убав парк полн со зеленило и цветни алеи во чие дно се наѕира Военото училиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде се издига нов Париз и овде се наоѓа, можеби, најмодерната станица на метрото, која е поврзана и со железничката станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
1. Отворајќи се на север, спрема Прилеп, точно на половина пат од Прилеп за Битола, среде пространо поле се издига една безимена, неголема и не многу висока потковица од ридови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Горе над селото, на сртот на Зајачки Рид, кој овде се вика уште и Веселички Рид, десно од патот, кој доаѓајќи од селото и префрлувајќи се преку ридот се спушта во Потковицата, во еден густеж од капини, над кого се издига закржлавена слива, има еден пак безимен кладенец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште и еден темен напев што се издига во залезот: три жолти цветови, наведнати над каменот, секое нивно потреперување – некој потаен збор, се нишаат и се молат во летниот припек.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакам да ми издигате кула, а од нејзиниот врв да можам да ги видам и Солун и Стамбол и Германија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе