издаваштво (ср.)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Станува збор за стручњаци за типографија, за обликување и произведување на печатарски букви, историчари за натписи (епиграфика) и за ракописи (палеографија), за историчари на уметноста, стручњаци за судска медицина и многумина други што се заинтересирани како за естетските особини на графичкото изразување така и за неговите утилитарни функции (во издаваштвото, огласувањето, картографијата итн.).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Маргина сѐ уште се соочува со многу субјективни слабости, но, пред сѐ, со една објективно тотално депримирачка ситуација во која се наоѓа македонското издаваштво.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Исто така Goudy го критизирал тоа што тој го нарекувал „ненаситно барање на новини во издаваштвото”, бранејќи го преиспитувањето на класичните фонтови и измислувањето на уникатни форми, сѐ со цел да се задоволат новите естетски и комерцијални барања.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Многу наши писатели мислат дека е потребно само членска партиска книшка и да станат „Капо ди тути Капи“ во писателската асоцијација, то ест во издаваштвото.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)