изгнаси (св.)
И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)