изглуми (св.)
Дури не можеше да ја согледа вистинската причина заради која неговите родители направија посебен влез, бидејќи Марша изглуми навреденост...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Изглумивме дека се караме жестоко за некои безвезни глупости и јас лута и вцрвенета излегов од автомобилот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)