изгази (св.)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Шоферот! Тој немаше смелост... смелост да ме изгази!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Ами твојата крава што ми го изгази пиперот?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Земјата ја израмнија и ја изгазија. Местото не се познаваше и изгледаше како долу да нема ништо.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И паркот беше испустен, изгазен од многуте луѓе што во првите несреќни денови си најдоа засолниште во него. Изгледаше жално.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Луѓе, викам, ако го сретнете некаде господа, викам, убијајте го, не мислете му ја, искршете му ги нозете, изгазете го, викам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги нема ни оградата, ни тревата. Оградата е откорната и однесена, тревата изгазена.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сето било поснопица, вели, небаре изгазено жито од град и од ветар.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти се чинеше намерно сѐ убиваа, сѐ изгазуваа и уништуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш отпочна еден бој, во кој многу глави распукаа и целиот снег на брегот на вирот, покрај што беше в час изгазен и со крв се ишара.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Патеката е изгазена. ќе видиш уште колкумина овдешни Турци ќе се простат од својата колепка. а човекот е како цвеќе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тргај ми се од пат, ќе те изгазам.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако чекаш многу, ќе те изгази времето, што се вели, преку тебе ќе помине.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И колку многу цвеќе исклоцавме, искинавме, изгазивме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)