избега (св.)
Силјан асли тоа бараше, за да го пука татка си и мајка си, кога ќе чујат оти и од Прилеп беше избегал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И не заборавај да ја заклучиш долу вратата, да не избега затворницава. (излегува).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не можеше да ми избега, слепиот ѕид ги затвораше патиштата што водеа в свет а јас бев испречен пред него, со стиснати тупаници и намуртено лице.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Помина подгрбавен селанец. Едно од децата притрча брзо, го повлече неговото магаре за уво и избега ширејќи ги рацете како да лета.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се обиде да избега. Брзо ја подадов ногата и го сопнав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Влезе ѓаволот во попот и напна со сиот ум да го жени Крчето уште на петнаесет години дете и тоа — за која? — за Анѓа, од која сам избега пред три години оти беше недомаќинка, „расипана“, како што велеше тогаш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— „Море утре повеќе ќе му пула да вида дали не ќе избега“. — И си отиде дома сета заруменета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Крсте не ја кажа вистината, ама рече дека му избегало, та дури овде над село го фатил.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти ми се потсмеваш зашто жена ми таму избега со друг. Ми се смееш заради таа курва.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Војна е. А господата избегаа“, рече некој и нему тој глас му се стори непознат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Избегав кога го видов тоа - не можев да ја поднесам потсмешливоста на неговите пепелосани усни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Сите офицери не избегаа, сите не се исти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)