идење ср.

идење (ср.)

Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марко и неговите поданици во очите на Турците не можеа да бидат Срби, зашто не им се спротивија и не покажаа таква воинственост против нив, каква што покажаа кнез Лазар и неговите поданици. 152 И така, до идењето на Турците кај нас ние трипати бевме прекрстени: 1.Словени, 2.Бугари, 3.Срби. Но со тоа не се сврши сѐ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КОТЕ: Демек Анѓеле денеска јолџија ни е? Ај, со здравје да си оди. Господ некој касмет поголем да му наврти, да си спечали повеќе пари. Пак, за добро идење да ви идеме и за радост.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пак за добро идење и за радост да ви идеме во куќава!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Здрами си, Коте!... Пак за добро идење и за радост да ми идете. (Пие и му го подава пагурчето на Колета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Леле, ќерко што те стијоса да правиш вака?!... Аман, мори станувај, оти на идење се.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се прибра и правејќи дека не го тревожи многу неговото идење, го погледна под око: - Јас ли? Мече. А ти ?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Уште со идењето на Стоја, Митра му истури еден грст солзи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова идење се засили и зачести откако попот ја напушти Жиовчевата куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му расправи на Адема, дека Толе секое идење ѝ удира по сто оки ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не ѝ кажува ниту пак ѝ остава нешто за децата, та веќе налет за неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По нивниот сјај, местоположба, големина и движење, дознаваше и претскажуваше: идење на болести, чари, скапии, невремиња, глад, војни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но советот Профимов малку помагаше, зашто Девица уште од првото идење во куќата на Полин, уште првата ноќ, се затвори во собата и никако не го пушташе Полина да влезе внатре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
При секое идење во селото, со себе водеше еден силен, красен бик, Ромео го викаше; во целата околија немаше таков: со која крава ќе се спареше, мораше да фати, да се оплоди, а телињата беа многу понапредни отколку оние што се спаруваа со обични, селски бикови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како славејот што го чувствува идењето на пролетта под снегојте под карпите под гранките.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Првпат, по толку мои идења, забележав дека солунскиот пазар е многу посиромашен со пиперки, домати, за разлика од кај нас, дури и поскап.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И отсега не мрсете ништо, вели, оти на другото идење, ќе ве причестам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А идењето беше за паметење.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Секоја година за време на училишниот распуст чичко ми се враќаше в село, а неговото идење ние децата го очекувавме како најголем и најсвечен празник.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мајка од далеку, по чекорите, го насети неговото идење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Минаа години од последното идење кај Манастирот. Тогаш беше жива Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе