идеолог (м.)
Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
XII Кога дознаа во партијата за името на нашата коза Сталинка, тврдокорните идеолози во себе се противеа, но не можеа јавно или на друг начин да реагираат интимно страхувајќи да не бидат разбрани дека се против големиот брат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но на општа жалост, освен на правоверните партиски идеолози, брзо изминуваше времето определено од партијата и власта за задржување на козите во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Подземните“ уметници и идеолози се алхемичари кои кореспондираат со космичкиот интелект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Македонскиот идеолог и револуционер му наредил да му ги даде сите пари што ги има кај себе.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)