идеализам (м.)
II Хегеловиот филозофски идеализам претставува највисок степен во развитокот на немската класична идеалистичка филозофија.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Учењето за развитокот како за „самодвижење“ и покрај тоа што Хегел под ова го сфаќаше само „самодвижењето“ на логичките категории, е најгенијалната придобивка на класичниот идеализам, којашто и ја изведе преродбата и му даде силен полет на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Хегеловата филозофија е круна по развитокот на онаа преродба на немскиот филозофски идеализам, којшто почна со Кант, па преку Фихте и Шелинг заврши во монументалната филозофска зграда на Хегел.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Тие се пред нас, на секоја стапка и во секое време можеме да ги имаме, само треба да ги побараме со повеќе трпение, волја и идеализам, многу идеализам, та така животот да не ни оди напусто и без цел...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Или пак упорното држење кон добро проверениот рецепт за третирање на дрогите кои што денешното општество го донесе во ќорсокак, всушност е немоќ за решавање на било какви прашања и бегање во романтичен идеализам карактеристичен за големите утопистички идеи?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, беспорно е за мене сега дека ние неадекватно го поставивме својот идеализам во услуга на народот...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со идеализам на получовек
и хендикеп на кентаур
ја оптегнувам Стрелата
како небо
како срце.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бев обземен уште во раната младост, според некои мои генерациски другари, од наивниот идеализам да верувам премногу во човекот Зарем не се вели, со право, дека дипломатијата е уметност на невозможното?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според светски познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа, пријател на Матвеј Предраговиќ, Јосип Рацич станува жртва на својот идеализам да се надоврзе на импресионизмот, кога тој неповратно исчезнувал и кубизмот кој настапувал!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се сети и на другите балкански идеалисти кои црпеле од бескрајот на париските цивилизациски, уметнички, стилски, културни и други цивилизациски вредности на хуманизмот, ренесансата, класицизмот, рационализмот, реализмот, импресионизмот, авангардата (со кубизмот, надреализмот...) и се враќале во малечката родна земја надоени со уште поголеми дози на идеализам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во тој судир наоѓаше доза во својот идеализам и определувањето за вишите цели.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)