играч м.
играчка ж.

играч (м.)

На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој беше страсен играч на лотарија. Само на неа мислеше. Постојано купуваше лозови.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се знае дека едниот е вистинскиот играч , другиот Смртта. Но кој е кој?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Камуфлирајќи ги „забранетите“ извори на своите фантазии, играчот – бегалец пред студот постигнува двоен учинок – успева за себе да здобие толку задоволство барем привремено да го совлада потискувањето и им овозможува на другите сми од несвесното да црпат утеха и олеснување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По мене веќе се качуваат свирачите, играчите: тие што имаат нозе ќе играат ора и сиртаки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, по третата книга, „Пловидба кон Југ“, кога остарениот, бескуќен Мајстор заминува во топла приквечер, по кејот на бесконечната Река, знаев дека повеќе не ќе можам да пишувам за таков, премногу тврдоглав, намќорест и безнадежно упорен играч.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа е и причината што еден дел од наведените ѕвезди на веласкеезовското девојче ги носат имињата на мајсторите на создавањето на вештачкото, авторите на сликарските фантазии какви што се Бош, па холандскиот сликар Фабрициус, современиот ироничен играч Китај или пак стрип- цртачот на соновидните патеписи на малиот Немо, Виндзор Мек Кеј.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гринавеј, наместо да ја појасни оваа необична приказна, веднаш го конфронтира гледачот со збунувачка визуелна и аудитивна буица од неокласични сцени, вртоглави играчи, компјутерски генерирани видео слики, Елизабетски стихови и сензационални звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Парчиња од неговата одрана кожа беа прицврстени на масата, додека рацете ги преместуваа деловите на телото, како некој брз и љубопитен играч на шах што ги придвижува црвените фигури.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Фокс ги следеше генетичките инженери онака како што навивачите ги следат играчите на своите омилени игри.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Животот е, не се сомневам, само игра која на играчите им овозможува различни начини да загубат; а бидејќи е таква работата, тогаш vive la difference.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го постигна тоа со тоа што неколкупати на најслабиот играч на масата до кого седеше со нокт му ја чукна картата што тој требаше да ја фрли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И знаеш што се случи? Место да си останеше роден играч, брат ми стана лош службеник. Заглави во стопански криминал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во моментов на теренот само македонските играчи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На крај, откако сите ќе бидат жртвувани остануваат кралицата и кралот како главни играчи во целата таа шаховска табла која Господ ни ја скроил постојано набљудувајќи ги потезите на сите играчи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе