зовриен прид.
зоврие св.

зовриен (прид.)

Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Болеа зглобовите и спомените. Болеа до срж Никола, Марија, една продувана војна и сѐ она на што мислеше и од што мозокот му беше врел, зовриен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Скоро е полноќ. Кафеаната кипи како котел зовриена вода. Виното збриса грижи. Вон останаа и Вчера, и Денеска, и Утре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денот беше широко отворен над селото и од селото излегуваа миризби од зовриен грав, од запалени буништа што смрдеа дури долу, до училиштето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оттогаш, од тоа мачно и зовриено лето, па сѐ до нашиве модерни времиња кога отпочнаа буните и војните и кога се измешаа народите, друга слична историја не се случила во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувствуваше како неговиот мозок се исполнува со зовриена жива.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека ја сипуваше водата во зовриениот ладилник, Хернандо го крена погледот кон нивните исплашени лица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нашите нозе одат по песокта и тоа е како голема рака со дванаесет прсти што се движи по зовриеното морско дно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зад главите на елените се е живо, шарено, зовриено, изначичкано како на детски панаѓур.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Фронтот се сторил зовриена аранија, котел заклокотен, пекол невиден и нечуен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Котелот е веќе забранет, ќерко. Та може ли правината да се докаже со брцање на рацете во зовриена вода?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само што овие медитерански зовриени глави тоа го припишуваат на ашкенаскиот менталитет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од прозорецот на својата канцеларија на првиот спрат на командата, Беренц неволно помисли дека на Медитеранот се лачат непотребно многу емоции, припишувајќи го тоа на жешката клима којашто ги создава зовриените средоземни темпераменти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нивните гласови се губеа во нашите зовриени пцости.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Опширна одаја. Мирис на тукушто зовриен планински чај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)