значка ж.

значка (ж.)

На градите му светкаше ударничка значка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А по тој повод ни делеа значки по школите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Можеби малку невообичаено, но пражани имаат некои свои особености да собираат многу значки, кои се продаваат на секој чекор, и да пијат пиво со сендвичи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од репарациите од војната, од сиот здружен труд, одржуван со сила, со ударнички значки и ордени, со пароли, немаше големи резултати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со последните будни сили во мене, со надуеното куферче подароци, најмногу статуети и значки, ја минав границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога оној до неодамна можеби сѐ уште полуписмен каубој од вестернот ја прифаќа шерифската значка и ставајќи го животот на коцка ѝ се спротивставува на толпата која сака да линчува, тогаш тој, стапувајќи во непосреден однос со бесконечната вредност на законот и правдата во нејзината есенцијална апстрактност, токму ја произведува митската слика на раѓање на граѓанинот, една автентична граѓанска социјализација. Маргина 35 33
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Статуетите на Сталин и значките со негов лик ми беа подарени во најголем број.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како по наредба, ми дадоа куп подароци: мали фигури, статуети, безброј значки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немам намера да купувам значки од тој диктатор!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Значи, ете ти го продазначквачот на значки во нашата училница.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На пример вака: Во нашиот клас влегува овластениот дистрибутер на значки со потписот на човекот кој што во раната младост бил љубител на свињски глави-Јоже од Кумровец.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Наоколу се мотаат продавачи на значки и на кокарди. Сонце, насмевки, благосостојба, свеченост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)