значаен прид.

значаен (прид.)

Значајно е, меѓутоа, што не само што не биле сите лидери на Организацијата против дејноста на МНЛД, па значи и против Мисирков, туку некои од нив имале дури и идентични или еднакви гледишта за основните прашања за македонското ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
66. Берат – писмо (повелба) од турскиот султан за поставување (во овој случај) владика. 66a.66а Назначувањето на Фирмилијана (умрел во 1903 год.) за митрополит во Скопје беше всушност првата позначајна победа на српската пропаганда во Македонија, извојувана не без поддршката на руската дипломатија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ваквиот негов став секако бил овозможен од големите и необично значајни општествени поместувања што се вршеле кон крајот на XVIII и во почетокот на XIX век.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Писарот се здебели и пушти страшно долга коса, четка и по боја и по острина; лимарот, со еден збор, се исчука; Генералстап стана знаменитост, нешто како значаен музеј, со својата секојдневна упорност да чекори само на една нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Визит-карта! Го крева Никола значајно прстот, ја прекинува тишината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изборот на тоа видливо е една бесконечна низа, комплекс на безброј значајни и непредвидливи минуциозни составки на психолошкиот феномен.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Напротив. Внимателно проследувајќи го научниот приод кон поезијата и исклучиво од аспект на одредени математички анализи, Соломон Маркус доаѓа до следните значајни заклучоци: - поетското дело е отворено и никогаш не е упатено само кон еден; - поетското дело е изложено на отворена и бесконечна метаморфоза, и тогај кога неговиот рецептор не се менува; - поезијата е носител на континуелна бесконечност на значењето; - поетското значење е рефлексно, инволутивно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ЛАЈПЦИГ е најпознат град во Европа и во светот како значаен меѓународен трговски центар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стопаните си прават реклама а пак на посетителите им прави чест да кажат дека биле во кафеаната во која, како гости, престојувале значајни француски личности од литературата, уметноста и политиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ДР Германија е наш значаен партнер во надворешната трговска размена и се вложуваат напори таа да се прошири уште повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Другарката Оливера Срезоска или ќе спроведеше некоја значајна акција, или ќе треснеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иако, вака патем изнесени, овие преокупации на критиката беа значајни, резултатите до кои се дојде не беа докрај релевантни за разгледувањето на литературата, особено на онаа литература што ја создаде Чинго.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, оддалеку можеше да се распознае дека тој ден сигурно е некој значаен празник.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Акиндин е веројатно вториот мошне значаен Словен, кој по Климент Охридски успеал да стане познат во Византија, а и во соседните земји.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Вниматлено го дипли значајното парче весник вртејќи се со целото лице кон огнот и го враќа во внатрешниот џеб на излитеното некогаш градско палто.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Значајно место одвоив и за заедничкото летување со родителите на Црното Море во Варна, за кое тие рекоа дека им е „прв, втор, десетти и последен пат во животот“, а јас воопшто не се согласував со нив, зашто ние со Бреза таму се чувствувавме како да сме деца на најбогатиот човек на светот: сè што ќе посакавме добивавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кажувај, - ми нареди строго и со значаен призвук во гласот, како што им доликува на мажите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе