зифт (м.)
ТЕОДОС: Арно да ги истриеш со кадифе, да светнат како зифт!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Висок, тенок, ѕифт црн, со бело чело, со позлатени узди и седло и пресно поткован.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тој е заколнат, ми вели Оливера, ѝ свети долгунестото лице меѓу пуштената коса, црна како ѕивт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Црна треба. Зифт. Жива. Перната. Вади од торбата жива црна кокошка. Ваква!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
До него, со како зифт црни коси седеше млада дама.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Онаа топлина која некогаш беше само за една девојка со зифт црна коса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На враќање Рада не се врати на последното седиште, туку седна на испразнетото место кое зад себе го остави младиот господин, кој пред неколку мига седеше до младата дама со зифт црните коси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)