зимува (несв.)
Таа разбра кај зимуваат раковите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зимуваа далеку на југ и се враќаа ваму дури во пролет, кога зимата веќе побегнала на север.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ниедна зима порано не ја зимувал така лесно.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат по селата во Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во омилениот зимски центар за најмладите „Бунец“ кај Маврово, во новиот и стариот објект, во првата смена зимуваат околу 650 деца од Гостивар, Скопје, Струмица, Гевгелија, Велес, Кичево, Куманово и Струга.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)