зелка (ж.)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
По тоа пак си легна на грб и загледан во небото посипано со ретки ѕвезди си зарупка слатко од зелката.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мажите ќе ораат, жените грутките ќе ги кршат, бавчите ќе ги прекопуваат, ќе садат грав, лук, кромид, пипер, зелки .. .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А во задниот земник веќе се чуваат на прво место ковчезите со рубата, каците со маст, сирење, урда, пиперки, сланина, зелки, кисело млеко, бочвите, брилата со вино, ракија и други резерви од храна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во полутемната просторија, што нѐ удри во носот со реа на скапана зелка и помија, немаше многу луѓе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Изеде со тешка мака дваесет желкини јајца, половина коза, осумдесет банани и неколку килограми пресна зелка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Во градот ваш, Да не ми замерите, смрди на зелка, на манџи, на бензин, не знаеш на што, а? - рече дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таму, во мал заграден простор се садеше грав, пипер, праз, зелка, домати, сѐ што можеше да вирее на ова место, сѐ што беше потребно за едно пристојно поминување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Со зелка и доста компир.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури и зелката се разболе од зеленчукова килавост, од тумори против кои селската рамнодушност со години веќе не се бореше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И после ќе ти даваат зелени пиперки и зелка, и така ќе ни ги отворат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие јадеа молкум. Само Паша Емиљевич гурмански нишаше со главата и симнувајќи ги од мустаките алгите на зелката, со тешкотии велеше: - Таква зелка е грешно да јадеш без вотка. okno.mk 175
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Имал морков, но ќе садам грашок, зелка, аспарагос!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека размислуваше така, се сети без некоја особена врска како пред неколку недели виде откината рака на тротоарот и како ја шутна во уличната канализација, како да се работи за кочан од зелка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стварноста ја сочинуваа застојани градови во распаѓање, низ кои потхранети луѓе шлапкаа во чевли што пропуштаат, живееја во закрпени куќи од деветнаесетиот век кои постојано смрдеа на зелка и на нужник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека сркавме од топлата зелка разговорите продолжуваа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)