зеленее несв.

зеленее (несв.)

Сонце светло ми светеше гора ми се зеленеше в гора пиле песна пее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Уште по некој ќош од некоја градина заграден со трње зеленее, а домаќините ги прибираат последните „в'ровинки" од уште неосланетиот пипер и патлиџани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врз моето тело зеленее трева и високи тополи шумат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тревата одамна изникнала. Се зеленее и веќе пораснала.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во нив на безбројните бразди, парцели и блокови зреат првите плодови: се црвенеат првите домати, се зеленеат краставичките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Замижувам и шмркнувам од дланката ракија. Се заскрнувам, и се потстемнува и само модреам, зеленеам, побелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И врвовите на шумата на планината зад нас почнуваше да зеленее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Загледан во островите кои како храмови се издигнуваат од морето, забележувам пролетта веќе ја подготвила тревата која зеленее и која чека некого ако си ја запеал - прекини ја таа црна алелуја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Лево зеленее дабова шума, наковцката корија, што дедо ми Ѓорѓи по првото печалбарење во Америка ја беше купил од бегот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад неа широк двор во кој зеленее ниско искосена трева.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На излезот од селото низ полуотворената дрвена порта - во дворот, веднаш до влезот на куќата – сив бетонски бункер пред чиј влез зеленее високо разраснат бурјан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)