зева (несв.)
Во единствената и голема антикварница на книги во која влегувам како во црква, со саати се вртам по тезгите и зевам по рафтовите, не осмелувајќи се да земам в раце изданија од Горки, Достоевски, Толстој.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Курвата (ѝ се гледаа гаќите) беше љубезна со сите и кога зеваше (зеваше без заштита) си го рекламираше грлото.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ги повторуваше како во огледало неговите гримаси („ова е кога зеваш, ова е кога се чудиш, а ова е кога си многу лут“), а тој слатко се смееше гледајќи во нејзиното полничко, речиси детско лице.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Раседнатите околу огнот откопчуваат шинели, зеваат со широко отворени усти.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ете, оној таму, го гледаш? Оној, бре, што е навален, еве оној сега зева... да, тој, кутриот, само дреме. Дреме и хрчи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Немој да ми го зеваш внуко...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)