здрви св.

здрви (св.)

На местата свои јунаците гинат по долг и по судба се другари први, во смртта со усмев на усните минат, да не жугне врагот, од страв да се здрви.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Години црни жили ќе здрват, може и в крвав да паднам бој.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Овде невестата се засрами и му вели на дедот Петка: — Дедо Петко', ми се здрвиа нозете од јавање, нека а запре Илко маската да слеза.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Доста крвта ѝ зовре во мозокот, и уште сред куќи го бапна котолот од глава и ѝ се загна на Митра, која, како кабаетлија се здрви, просто не можеше да мрдне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станувај, што си се здрвил како до умирачка да ти дошло. Ајде, ајде...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се здрви, во исчекување, не ли ќе заофка, не ли ќе го прекори за невнимателност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја дигна раката да ги избрише сите грижи од тоа чело и се здрви замрзнувајќи полека од стапалките: ноќната тишина се распрсна како стакло од остро, чепоресто `рзнување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ајде, бери јаготки, што си се здрвил? - Не ми се јадат, - рече Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Одеднаш, се здрвив од страв. Ене онде, крај оној камен, забележав коски од некакво животно, на кои имаше свежа крв и парчиња живо месо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ах, тоа си ти Веданче, - се насмеа. - Качи се врз мене и добро изгази ме. Ми се здрвиле нозеве.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Треба да побрзаме, - ѝ вели свеската на жената. - Ако се здрви не можеме ни да го соблечеме ни да го облечеме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја испуштив патната торба и се здрвив. Тогаш се отвори земјата и пред да ме голтне со ѓонот в раце и главата крената горе кон мајсторот, убаво слушнав женски глас и стигнав уште да ја замислам жената како со распуштени коси седи на масичката под препарираната мечкина глава и неопитно липа во првата вдовичка ноќ. okno.mk 79 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почувствував силна горчина и устата доста брзо ми се здрви.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се зближиле, значи, како што две млади жени можат да се зближат кога се тажни и осамени; едната, во очекување на парите од сладострастникот кој секој момент можел да наиде, втората, зафатена со белите чаршафи што мирисаат на сапун и веднаш се здрвуваат од штиракот штом ќе помине по нив врелината на пеглата ; почнале да си веруваат една на друга, да седат заедно кога се слободни, да се смеат, да плачат, - како сестри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе