здраво (прил.)

– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти фаќа вера, ама откога ќе ти докажеме здраво, после ќе веруваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сторил, што сторил! Детето е здраво, јако. Тој и не го видел кавалерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ИЛИЈА: (кој здраво му ги држи рацете во своите, мирно).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Петко слуша, ги запланува рацете на пламенот, потшмркнува, ги брише седите мустаќи и кротко одговара: — Сполај му на господ, Ристе, здрави сме и живи на саатот, здраво живо од сете на кој пита кој праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Цела беседа истури ќатипчето по однос на воспитанието на каурите, а умот му беше во каурките, (да прават здраво живо со Турците и да фаќаат рака што е најглавно!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го заплисна здрав глас, порој на безгрижност: „Здраво, хер доктор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Тогаш да се зафатиме здраво за работата, како што вели падишахот наш, да му е честит образот – проговори скопскиот беглербег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Гнездото ни е здраво. Сигурно Џивџик добро го пазел, - радосно им рече старата ластовица на другите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Здраво“, рече збунето брат му и застана. „Вие веќе се познавате“, покажа со главата кон девојката. „Здраво“, рече и самиот. „Секако дека се познаваме, ако она, денес, беше запознавање.“ Околу нив се буткаа гласови и лакти, тие и самите отпор во лаките за удирања, беа безгласни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мажите го играа “Тешкото“, држејќи се здраво за раменици без насмевка, речиси намуртени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па здраво, попе, му рекоа. Овде јадеме од казан и не се молиме пред легнување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Детето му ја преграбува ногата, а со другата рака сѐ уште здраво ја гушка кадифената кукла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор се беше истегнал до Арсо и спиеше длабоко, здраво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека биде лесно, без тоа гризење, вака лесно и по малку празно, но и здраво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе