здравец (м.)
Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
За кај се спремаш, Здравко, здравец мој попарен, викам и сеќавам дека неговата рака се лади во мојата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како не најдовте здравец, си мислам, момина солза...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Невидливата рака од подадениот ракав држи сув цвет, здравец, симбол на животот или, сеедно, кандилце, богодорично срце, бела пупка на штркоцвеќе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со шумски јаготки во џебовите
со здравец во мислите
и планински воздух во срцата,
ќе си направите ли муабет со овие стихови
како што правите со буките и изворите
Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе,
самата себеси што си е туѓа
и заумна?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Набрале билје пролетно - здравец, јаглика и фиданки дренови.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)