згрози св.

згрози (св.)

Низ телото на Арсо поминува изненадна трпка на згрозување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дека му се случило нешто на некое од децата, или дека му се случило нешто на Јосифа, или дека, или дека, а кога Јосиф со испрекасан здив изустува Некој дојде во Потковицава, по Градишки Пат, една единствена помисла, еден единствен ужас, оној од пред толку години, кога `Рслан бег и другари му ги исклале сите возрасни Акиноски, му ја згрозува душата и му ги посекува нозете во колената.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Згрозена, таа неколкупати ја повтори сцената од селското училиште, каде жолтите пци,пред децата,ја растргнале учителката и деловите на телото ги развлечкале низ целиот училиштен двор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во черепот забележаа змиски јајца, кои при фрлањето на черепот, распукаа и од нив излегоа мали змивчиња; луѓето се згрозија и почнаа да ги удираат со лопатите и да ги гмечат со нозете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сето тоа го снимаа телевизиските камери, а ние овде гледавме директен пренос спрема кој очигледно некоја банда одметници, разбојници и терористи напаѓаа голораки деца, жени и старци што сите се згрозувавме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој се згрозуваше до кој степен козјото прашање, како нова рожба на сталинизмот, ги обзема партиските кадри, луѓето во власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото незадоволство од ова дело се должи и на фактот што тоа толку очигледно зависи од идеи претходно развивани во други негови дела, така што во него е неизбежен извесен степен на повторување, постапка од која Дишан се згрозуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Идејата за враќање кон природата ја отфрлам со згрозување.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вие можеби сте способни лесно да ги направите сите четири, но многу луѓе не можат, а посебно се згрозуваат од III-то и IV-то Jan Shmetz барање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И покрај копнежот да биде сакан заради своето „вистинско јас”, шизофреничарот е згрозен од љубовта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Малограѓани! Сељаци! Децата ви се до гуша во хероин а вие се курчите со вашиот безвезен, апсолутно непримерен морал и со вашето фолирантско „згрозување“ над „девијациите“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се разбира, не го сторив делото што од мене се бараше, иако уката на Лествичникот за криење на украдени нешта сосем го згрози срцето мое и ми ја извалка душата, со самото тоа што ја слушнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му идеше - да ги опомене - ама само ги загледуваше и се згрозуваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко се врати кон патеката гледајќи во купишта градежен отпад и се згрози помислувајќи на змии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но она што најмногу ме згрози, беше неговото објаснување дека и вујна му Манасија се стаписала кога ја здогледала неговата алатка и божем извикала „Ох, сладок на вујна, таа твоја зажарена гламја колку ли куќи ќе пеплоса!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мравки му поминаа по коски, се згрози, пак брго-брго легна и се покри преку глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но немаше да бидам божем згрозен и толку неискрен во оправдувањата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Згрозена сум од таа тажна слика која ја открива расипаноста, бесрамноста на човекот, човекот како Левијатан претворен во безживотна марионета.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можам само да ја мразам толку, да се згрозувам од рацете што ја фрлаат на под и од неа, од неа, уште повеќе зашто ја тепаат, зашто сум јас и ја тепаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нежните жени на дипломатите се згрозуваа од таквата бруталност.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе