згора прил.

згора (прил.)

При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Згора на тоа би можел да печати и провинциско издание. Сосем сте без дух. (Пауза.) (Пауза.) Одете по ѓаволите обајцата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше згора над таа модрина, високо горе, заедно со тоа заискрено утро, ѓаволски добро за лов на диви кози, со сиот тој тврд снег и со сиот овој раскош на разденувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во рацете селанецот носеше голема, од врбови прачки плетена кошница, која згора беше покриена со бела, чиста крпа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако дојдат Германците, сѐ што е поважно и повредно ќе го скриеме внатре и ќе го покриеме згора со земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Скривницата се наполни. Згора убаво ги наместија штиците и ги покрија со земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Згора имаше штици, а над штиците доста земја, така што огнот не можеше да ги изгори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Беше мајка му на Проедросот:подгрбавена, во влашка носија со бела шамија врзана згора, налик на синот но со усните посинети и некако оторбешени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го обгради дворот со плетена жица, го затвори и отстрана и згора и направи мачкина фарма.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Грдо е тоа, мошне грдо, а згора и опасно!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Татко се врати само да има уште една мака згора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Згора на тоа уште и ќе се лути и ќе му вика на Јошета побрзо да му крши од оревите и побрзо да му ги чисти јатките. 16
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кој можеше да му верува нему таков, скудоумник и силник, дека се сожалил на некого туѓ, и згора на тоа старец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За од гревот згора, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, згора на тоа, ми иде и да се покријам преку глава и, така насамо, одново да се гледаме со смртта која честопати ми стоеше понаблиску од животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето го заборавиле. Дури, згора, тој и некакви педалчиња делка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе