згои (св.)
А од друга страна, пак, ќе набујат тревите, ќе блеснат лисјата, ќе се освежи воздухот, ќе бликнат цвеќињата, ќе загргорат поточињата, ќе подивеат пченките, ќе набабрат компирите, ќе ни се згои добитокот, млеко ќе потече...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Си ги згоивте газиштата, вошки ниедни, тука, во албанското, а сега потуркајте малку, - си велеше Коста во себе и го фаќаше бес, гледајќи ги онака испотени како се бришат со бели шамичиња.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)