збунет прид.

збунет (прид.)

Им рече... ја гледаат збунето Гегите неа: лик на природата сама...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие стоеја неколку време по тоа пред командантот на младинските бригади – Мече збунет и исплашен, а Беличот загледан право во очите на младинецот со окалки, низ кои што тој ги гледаше малку потсмешливо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крај напукнатиот прозорец се потпираше на крцкав стол старецот и збунето се клатеше. - Влези, ако не се срамиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Место тоа, смекнував и бев збунет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но кога сум збунет ги заборавам и оние малку француски зборови што ги знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сетив дека зелените не ме сакаат и се насмевнав за да ја сокријам збунетоста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од разделбата збунети не го ни испративме – па ни тој не ни рече збор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Надвор го пречека сонлива ноќ. Така збунет тој тешко воздивна и се сврте уште еднаш да ја види воденицата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Застануваш пред огледало и молчиш. Некој од огледалото ти подава рака ти збунето го прашуваш кој си ...
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Здраво“, рече збунето брат му и застана. „Вие веќе се познавате“, покажа со главата кон девојката. „Здраво“, рече и самиот. „Секако дека се познаваме, ако она, денес, беше запознавање.“ Околу нив се буткаа гласови и лакти, тие и самите отпор во лаките за удирања, беа безгласни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но овде остана збунет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ тоа добро. Ама што му значи ова: „Извикајте го трубачот“, збунето врти келнерот со главата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе собирате ли доброволни прилози за мене?“ Ѓаволски им ги замрси конците па квичеа и не можеа да проговорат од збунетост надевајќи се дека сето тоа нема да се заврши зло за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеа да му објаснат и пиеја претпазливо збунети од неговата неизгаслива жед.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затишие ли пред бура? Збунетост на сцената. Неми погледи. Исчекување.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЕТОДИ: (Извесно време останува, збунет од реагирањето на Луков, на местото, потоа трга и излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Гледа збунет по него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Изненаден и збунет. Отстапувајќи наназад.) Шоферот на Иванов? Да ме земе мене?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе