зајаче ср.

зајаче (ср.)

Зајачето е мало плашливо и ако го фати мечката ќе го изеде. Затоа Сашо не сака да биде зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ти треба да бидеш зајаче! Секогаш помалиот е зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја чекам лисицата, која трча право по трагата на зајачето. Еве ја, на десетина чекори од мене.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Ако можеш да ме навиткаш, ќе тропнам“ - промрморе зајачето и мрдна со ушињата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мирче: А, не, не сакам. Волкот ќе го изеде зајачето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Томчо се растрепери од возбуда. Одамна имаше желба да фати зајаче. А сега - еве го пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од под глогот го гледаа две широко ококорени, преплашени очи. Зајаче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И гледај чудо: кога им се навикнаа очите на полутемнината, здогледаа две мали лисичиња, кои се тресеа од страв од зајачињата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Мамо, ти нема ништо да им направиш на зајачињата. Тие се толку добри! Тие се наши другарчиња!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Сепак да си одиме, - свика поголемото зајаче, кога се сети на страшната лисица што ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ВЕРА: Мама на машина чука, како зајаче по барабан.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А најмногу се радуваше кога ќе му го фрлеше гуменото зајаче што му го купија на Богдан кога беше малечок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По зајачето трчаше зашто кога ќе го стегнеше со забите, тоа испушташе глас како вистинско зајаче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Копаше, копаше, сѐ дур не го ископа гуменото зајаче што го закопало тука.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А татко ти поверувал оти зајаче ќе ти фати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Она, како лично ја здогледал зајачицата во загрнатата со снег грмушка покрај патот додека си ги хранела зајачињата со премрзнат сув леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По споредниот пат некаде накај Тетово, полн со дупки и длапки, се доклацкаа до рекламата со зајачето од „Плејбој“, единствената среде тивките селски куќи од која доаѓаше музика.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе