зајадлив (прид.)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Е, гледаш ли, а? - малку зајадливо го подбуцнува во ребрата дедо Димо доктор Коста, кој седи до него, понесен од општото расположение, разнежен како дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- А, со неа, - рече зајадливо и веднаш престана да плаче - така ве залажува, ве облекува, ви купува, вие си немате татко да ви купи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Затоа понекогаш морав и зајадливо да го тупкам по челото за да го налутам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Борбеноста на женскиот лик е прикажана со помалку зајадливост отколку завереничкиот трио на хероината Циси Колпитс од филмот „Давење по броеви“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неговите зајадливи пародии и напади против германските малограѓани, војници, воени богаташи и укочени чиновници Валтер Сокел точно ги означи како паралели на Стернхајмовиот испрекинат дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но ајде, си рече, да не бидам зајадлива како нив.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Малиот принц ротира во вселената и се смее онака зајадливо, како да те поседува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Охо, значи така!“, реков; „Вие партиските состаноци ги држите во џипот на Фискултурецот?“ „Премногу си зајадлив“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За момент помислив дека се обидува да ги разлабави јазлите на заедливоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А Фоте, кој беше навикнат па и отрпнат на зајадливите забелешки од Маре, помина и преку оваа со тоа што ја премолче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Двајцата покажуваа нешто по должината на брегот, се вртеа повремено кон Тврдината, потоа слегоа по скалите до зајадливите бранчиња на реката што удираа на бетонот, едниот клекна и ја пикна раката во водата, си ја накваси до над глуждот и со дланката си помина по челото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)