зашумоли (св.)
Писарот ја премести капата над чело и како артист, со раширени раце и подадена нога, драматично зашумоли со сета своја рибја крв: - Ова е, молам, навреда за законот, за државата. Јас не дозволувам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од исток дувна тих ветрец. Гората зашумоле... Реката Сатеска гргореше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сета сум зашумолена, што се вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Замрежи просторот околу, се се стесни, зашумолија нозе небаре газат во суво лисје, прогрмоти женски глас отсекаде: „Ќерко моја, иако моево тело е студено, иако моиве усни стрижат со сув ветер, скриена во длабоката скрвишница на земјата – мајка, мојава душа е топла!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Штиркосаните пердиња запавтаа на пролетното ветре, удри некаква божја свежина врз миндерот, реката под него зашумоли, и пенџерето со решетки наеднаш му го замагли опулот на бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ветерчето тажно зашумоли низ гранките Паднаа првите капки од дождот, по моите нежни образи.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Иста тишина. Напрегнува слух. Околу нешто зашумоли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Грстови снег заронија од гранките и зашумолија сувите лисје.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)