заштитник м.

заштитник (м.)

И место тебе, стрела албанска пречекувајќи, ко заштитник да паднев твој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Младо с млада ти дружина Скитај сја как скитник, Зеде клета ви судбина Трети ваш заштитник.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Од ѕидот ме гледаше светецот Сава, заштитникот на учениците, благо и сожаливо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неблагодарник! Тоа беше сѐ што чув. Потоа Жаклин се изгуби со нејзиниот заштитник и со оној дебел муштерија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му падна чудно што сите имаат икони на овој светец, но дозна дека тој им е слава на селото, заштитник.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чанга можеше да биде нашиот нов Сталин. Заштитник на нашите кози, на нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сталежот на функции се прогласува себе си за културен заштитник и со тоа го зацврстува својот легитимитет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој како по команда продолжи: - Кој Ви е тој Татко – заштитник, па Бог? Сеништа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој беше мачителот, тој беше заштитникот, тој беше инквизиторот, тој беше пријателот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше чувство како О'Брајан да му е заштитник, дека болката е нешто што доаѓа однадвор, од некој друг извор и дека токму О'Брајан ќе го спаси од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека Партијата е вечен заштитник на слабите, посветена секта која прави лошо за да може да дојде доброто, која ја жртвува сопствената среќа за среќата на другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе