зачне (св.)
Во некое такво злодоба и се зачнало колибарењето, во некое такво време и е ставен темелот на Бојановата колиба, за повеќе векови единствено човечко свратилиште, единствено топло огниште на десетина километри наоколу.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Процесот на трансформацијата на видливото во невидливо ние не знаеме ниту кога зачнува ниту точно кога и каде завршува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
XXVIII Најпосле Кала повторно зачна, и тоа со сигурност.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но при операцијата останаа во чудо: ѝ го најдоа во неа и оној поранешен плод - зачнат вон материцата и немајќи услови да се храни, кога достигнал одредена големина, угинал.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Курта беше зачнат од свапирен татко.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- Зашто со него в рака архангелот Гаврил ѝ навестил на света Марија дека ќе го зачне Исуса...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но уште тогаш се зачна сомнежот кај власта и партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми пресмета дека зачетокот мора да се случи на 1 април и само на тој ден ѝ пријде на мама со предлог да зачнат дете.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се нарекуваат родители. Одамна пред да нѐ родат, дури и пред да нѐ зачнат, нашите родители имаат решено кој ќе бидеме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Со тежиште во номиналната тематика, со промените во општествените услови, со појава на нови автори се проширува и кругот на теми, што сатирата ги зачнува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Идејата за атеистичките музеи зачна во генијалниот ум на Ленин, но нив ги одржа и спаси, како и самата револуција, генијалниот Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште во овој чудесен град на Босфорот, во неговата развиорена младешка свест зачна идејата на животот да трага по семејната историја и како Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дали спас од големата зараза со вирусот на погрешната идеја, зачната во умот на диктаторот и наложена како принуда и мачење на еден цел народ, мојот народ?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според нив, сите деца требаше да бидат зачнати со вештачко оплодување (вешсем, како што се викаше во Новоговорот) и да бидат одгледани во јавни установи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А за жал, по сѐ изгледа се случи така: мигот на зачнувањето на новиот здив и новиот живот да биде обележан со знакот на смртта на учесникот во неговото создавање?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)