зачкрта (св.)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А пак гледај, гледај да видиш... Тој зачкрта нешто изметкано на книжето и после покажа со перото:
- Мојот потпис.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)