зачека св.

зачека (св.)

Доста ја погледна испитувачки и небаре на шега и се обрецна: — Шо му стори, мори џадио, на чупето преѓеска? — и зачека одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама чурук жена, мајката брееееј! — Ја заврте главата Ристе и зачека одговор од побратимот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зеде на заем од добри луѓе од Дуње некое кило ’рж и зачека што ќе стане понатаму со неговите одведени деца во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе се обидеме. Или тие мене, или јас нив – се закани стариот кадија и зачека со нетрпение да го извести Ајша дека вечерата е готова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се подготвуваа и зачекаа. И не се излагаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Очигледно - расположен беше. Сашка трепетно зачека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја зачекаа мајка си. Таа ќе дојде и ќе ја запали печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го стегна лактот кон кундакот и рече: - Едно, - рече и зачека малку.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потплашени братучедите се засолнија зад амбарот пред чардакот и зачекаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо ти е, мори златна, шо плачиш, шо сакаш и шо немаш? — ја запраша Толе и зачека да си ги каже Миша своите желби, кои тој веднаш имаше да ги исполни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) — одговори кајмакамот на оваа порака и зачека да му се јави мариовката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свеќите горат во окопата. И пламенчето го зачекуваме со дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што се вели: едно уште ти плаче во нивата, дури кршиш ветки за да го зачекуваат до сонцето, од горештината, а друго веќе ти тежи под појасот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пламенчето само црцори и само се поткусува. Јас го зачекувам со дланката, го бранам. 257
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се испењаме така, молченката, се поттурнуваме со врвот од прстите, се зачекуваме со лактите, се драскаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еленчињата се зачекуваат со предните нозе и со главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака го држам детето, а со другата си помагам, се зачекувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Застанете! Зачекајте! - зарипнато вика дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе