зафат (м.)
Затоа тој и не гледа вистински реформи – без сериозни зафати во економско-социјалната структура во Македонија, затоа не можат да го задоволат Февруарските реформи, како што не ќе го задоволат ни Мирцштегските, како како почеток условно ги прифаќа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека траела операцијата, пред да го направи решавачкиот зафат, му рекол на болниот дека само по една минута ќе престанат да му се тресат рацете. И така станало.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПАРИСКАТА опсерваторија е извишена на едно рамно плато, на врвовите на париската рамна,на самите зафати на прочуената Медонска шума, која одовде, се чини, се протега во недоглед.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Па ова не е тоа? - се насмеав подбивно, - ова беше џудо зафат, нели Чичо?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таков е зафатот на херменевтичкиот круг.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ширината на зафатот е толку голема што се чини, дека со една малку позадлабочена анализа, авторот би можел од секое поглавје да изработи по една книга.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значи, една веќе етаблирана уметничка стратегија која не само што не носи ништо ново, туку и делува како кочница во имплементацијата на новите идеи и зафати.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се разбира, при еден ваков зафат неминовни се многу ризици, жртви.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тоа ќе е голем зафат, со кој ќе се обезбеди вода за пиење, за наводнување во земјоделието, индустриска вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најпосле, секогаш и секаде, при големите зафати, при градбите, имало и кавги и интриги, дури и големи казни и катастрофи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оние кои се давеле знаат какво е чувството кога ќе ве дограби раката што ќе ве извлече од зафатот на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сакам да речам дека и најневиниот пристап кон еден зафат во кој е вклучено милувањето, особено на таква девојка каква што е Пеперутката, ги поттикнува искрите од кои пламнува највистинскиот оган.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Веднаш знаев дека овој деликатен зафат беше дело на Даскалов; веројатно го беше сторил тоа додека ја полнев чашката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Знаев како изгледаат прославите, дека и на оваа, како и на сличните на неа, ќе се држат говори за големиот зафат, за акумулацијата од 220.000.000 кубни метри вода, и за ползата од неа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И токму таму и тогаш, поради фрагментарноста на зафатот, поради недовршеноста, недореченоста и свеста за отсуството на целината, поради тоа сознание, бездруго, се повлече раката, запре толку саканиот ракопис.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)