затркала (св.)
Се фативме гуша за гуша и се затркалавме по земјата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Вљубено ја гледаа снегулките, ноќта и тој. По образите ѝ се затркалаа, светнаа едри солзи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Напати ќе ни се затркала од ридон во присојон, од под млакине горе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)