затреба (св.)
И како поскапо ќе му се продадат и на Дворецот и на црниот ѓавол, ако затреба.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Пак молчење. Сакав да станам, да речам дека сѐ јас ќе работам, дека не треба и тетка Рајна да доаѓа ако не може, дека јас нема на училиште да одам ако затреба, само не, само тоа не... се тресев во постелата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Од нејзината чанта рафално ги вади документите и ги покажува секој момент штом некој ќе ѝ затреба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Го погледна татка ми в очи со сета милина на чувствата, на мислите, но и со сенка на загриженост, еден ден да не затреба последниот потрошен златник.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе ги браниме, ако затреба, со нашите животи, им се колневме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А има и дрога кога ќе му затреба.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога ќе ти затребам, ќе дојдам и ќе бидам со тебе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тинејџерката: Важи, Тики, само ти да ми даваш ганџа кога ќе ми затреба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Те виделе на една фотографија и веќе се готови и крв да дадат ако ти затреба. Начисто се луди по тебе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но ако затреба нашиот народ ќе се пресели во нив, ќе се брани и од туѓите војски.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јагулче Дримски многумина ги знаеше. На нишан ги имаше. Ако затребаше... Ама нејсе...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Повикај ме штом ќе ти затребам, јас сега ќе си одам – рече по едно време, го распосла летачкиот килим што го носеше свиткан под мишка и го снема зад ридот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тогаш јас се сетив дека, кога заминував во С, зедов едно ливче хартија на кое се потпиша Михајло, како претседател на Месната, и уште неколкумина, за случај да ми затреба, поточно да можам да речам, еве луѓето бараат да се изгради водовод, им треба, животот им зависи од тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Господи, колку убав Форд! а покривот платнен па можеш да го збереш и над задното седиште, ако затреба“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој би бил во состојба да изваја глава, најубава што е можно, за таа глава да го обожува, а потоа, ако затреба, да ја стави под нож.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Кога ќе ти затребам ти само викни Ведране!“ ми довикуваше тој со таков глас како да се нашол наеднаш во далечните далечини.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Калево е наоколу обиколено со длабок канал изѕидан од делкан камен, а дрвениот мост, кога ќе затреба, се крева на чекрек и така станува заштита пред портата. Умно смислено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)